Утрински Весник
Македонија

Паднат оџак во Делчево предизвика прекин на струја

Паднат оџак во Делчево предизвика прекин на струја
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Делчево, 3 март 2020 (МИА) – Поради паднат оџак, дел од жителите во населба Звегорска река во Делчево се без електрична енергија. Од делчевската подружница на ЕВН информираат дека нивни екипи работат на отстранување на дефектот.

– Еден дел од дефектот е саниран со што жителите веќе имаат струја, додека на еден дел се работи и во текот на попладнето се надеваме дека истиот ќе биде отстранет, со што нормално ќе продолжи напојувањето со електрична енергија, информираа од ЕВН.

Очевидци велат дека оџакот паднал околу 10 часот, по што настанал прекинот на снабдувањето со електрична енергија.

Утрово краткотраен прекин на електрична енергија е забележан и во село Тработивиште. вс/oџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

Мицоски: За мене Македонија е свето име