Утрински Весник
Економија

Паднаа цените на гасот во Европа

Паднаа цените на гасот во Европа

Цената на гасот во Европа за време на утринското тргување на лондонската берза ИЦЕ падна под 1.300 долари за илјада кубни метри.

Вкупниот пад на цените на берзата од почетокот на денот изнесува 19 отсто.

За прв пат во историјата, берзанската цена на гасот во Европа на 21 декември надмина 2.000 долари за илјада кубни метри, а тоа се објасни со претстојното студено време во комбинација со, за овој период од годината, невообичаено ниските резерви на гас во Европа.

Аналитичарите забележуваат дека цената е многу нестабилна поради шпекулативни фактори и не ја одразува вистинската цена на физичките залихи. Така, просечната извозна цена што ја наплаќа руски Газпром оваа година е 280 долари за илјада кубни метри. Сепак, оваа цена важи само за клиенти со поактивни договори.

Можете да прочитате

Николоски: Превозниците да не потпаѓаат под влијание на лажните вести

Намален бројот на работници во индустријата

Димитриеска-Кочоска: Раст на БДП од 4,3 проценти – потврда дека економијата забрзува