Утрински Весник
Македонија

Павлина Црвенковска избрана за претседателка на Судскиот совет

Павлина Црвенковска избрана за претседателка на Судскиот совет
Dik 300x250 mk

За нова претседателка на Судскиот совет денеска беше избрана Павлина Црвенковска.

За неа гласаа сите членови кои беа физички и онлајн присутни. Таа доаѓа на функцијата откако на Киро Здравев му истече мандатот.

Црвенковска се заблагодари за довербата и кажа дека со нејзиниот професионален интегритет ќе ја извршува функцијата.

„Претседателот на Судскиот совет го претставува Советот, раководи со седниците, ги потпишува сите одлуки и решенија кои се донесени, а воедно е и претседател на судско-буџетскиот совет. Функцијата која ми е дадена ја сфаќам како прва меѓу еднаквите. Ние сме колективно тело, ги носиме одлуките со мнозинство гласови. Јас ќе придонесам што веќе да се зајакне тимскиот дух. Се надевам дека степенот на доверба кај граѓаните во судството ќе биде покачен за барем едно ниво“, рече Црвенковска.

Седницата за избор на претседател ја водеше заменик претседателот на Судскиот совет, Милазим Мустафа.

На седницата не присуствуваше експретседателот Киро Здравев, министерот за правда Бојан Маричиќ, како и дел од членовите.

Можете да прочитате

ДУИ кон внатрешни реформи? Се очекуваат промени и нови имиња во партијата

ОЈО Скопје бара одземање на двете патни исправи на лицето кое го усмрти Јорго Ќука

Европска комисија: Нула напредок во судството и борбата со корупцијата