Утрински Весник
Македонија

Павлевски ја посети Општина Ресен

Павлевски ја посети Општина Ресен

Ресен, 26 март 2020 (МИА) – Заменик-министерот во Министерството за локална самоуправа Дејан Павлевски ја посети Општина Ресен и беше информиран за мерките и активностите на тамошната локална самоуправа за мерките против Ковид-19.

За време на престојот во Општина Ресен, Павлевски заедно со својот домаќин градоначалникот Живко Гошаревски извршија увид на активностите што ги презема јавното комунално претпријатие „Пролетер”, а во врска со дезинфекција на улиците и јавните површини.

Павлевски и градоначалникот Гошаревски ја посетија и фирмата „Рес-ком” која како општествено одговорна компанија, на Општина Ресен и донираше средства за дезинфекција, а за граѓаните од ранливите категории, донираше храна.мт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато