Утрински Весник
Македонија

Павел Милановски од Куманово со својот постер победи на глобалниот натпревар на ФАО

Павел Милановски од Куманово со својот постер победи на глобалниот натпревар на ФАО

Четиринаесет годишниот Павел Милановски од Куманово ја освои првата награда на глобалниот натпревар на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за постер кој им оддава чест на земјоделците како херои на храната, по повод Светскиот ден на храната во 2020 година. Милановски ја освои наградата во категоријата од 13-15 години, во конкуренција на деца и млади ширум светот.

„Да се почитува храната значи да се почитуваат производителите на храна и природните ресурси во нашата животна средина. Земјоделецот е суперхерој, а не некој што едвај заработува за живот“, вели Милановски.

Воедно, тој порачува дека „не смееме да ја земаме храната и луѓето што ја произведуваат здраво за готово. Тие треба да бидат поддржувани да одгледуваат разновидна храна за да ги нахранат луѓето и да ја одржуваат нашата планета “.

Освен оваа, Милановски има освоено многу други национални и меѓународни уметнички натпревари на теми поврзани со руралниот живот, одржливото живеење и грижата за животната средина.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Пендаровски: Силјановска ја цитира бугарската УДБА

Вечерва започна молкот за изборите на 8 мај

Пендаровски кон Силјановска: Два труда имате објавено на Скопус, што сте работеле како професор?