Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Павел Милановски од Куманово со својот постер победи на глобалниот натпревар на ФАО

Павел Милановски од Куманово со својот постер победи на глобалниот натпревар на ФАО
300x250 opst2

Четиринаесет годишниот Павел Милановски од Куманово ја освои првата награда на глобалниот натпревар на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за постер кој им оддава чест на земјоделците како херои на храната, по повод Светскиот ден на храната во 2020 година. Милановски ја освои наградата во категоријата од 13-15 години, во конкуренција на деца и млади ширум светот.

„Да се почитува храната значи да се почитуваат производителите на храна и природните ресурси во нашата животна средина. Земјоделецот е суперхерој, а не некој што едвај заработува за живот“, вели Милановски.

Воедно, тој порачува дека „не смееме да ја земаме храната и луѓето што ја произведуваат здраво за готово. Тие треба да бидат поддржувани да одгледуваат разновидна храна за да ги нахранат луѓето и да ја одржуваат нашата планета “.

Освен оваа, Милановски има освоено многу други национални и меѓународни уметнички натпревари на теми поврзани со руралниот живот, одржливото живеење и грижата за животната средина.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Филипче: Мицкоски сака партиско судство, се заканува ама никој не му се плаши

Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

Полиција откри поголема количина дрога во скопско Ѓорче