Утрински Весник
Македонија

ОЈО Штип поднесе три казнени предлози за непочитување на полицискиот час

ОЈО Штип поднесе три казнени предлози за непочитување на полицискиот час

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Oсновното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Штип.

-Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Тие пеш или со возила се движеле низ градот и во околината на 2 и 4 април, во временски период кога во сила бил полицискиот час, соопштија од обвинителство.

Обвинителството му предложи на судот на секој од  обвинетите да им изрече парични казни кои се движат од 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 евра во денарска противвредност​.​ оџ/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Следните избори ќе бидат борба за правото, реформите и враќање на достоинството на Македонија, порача Мицкоски

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ