Утрински Весник
Македонија

ОЈО Тетово поднесе парични казни за шест лица заради прекршување на полицискиот час

Казни за 12 тетовци за прекршување на полицискиот час за викендот

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по поднесени кривични пријави, поднесе предлози за издавање казнени налози за шест лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопштија од ОЈО Тетово.

– Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час на 5 мај се движеле на различни локации во градот, информираат од Обвинителство.

Надлежниот обвинител на Основниот суд Тетово му предложи да изрече парични казни од по 100 дневни глоби за секој од обвинетите. оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шпанец фатен на скопскиот аеродром со 1.463 парчиња пирсинг

Промоцијата на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека  

Апсење на „Јадранска Магистрала“: Полицијата заплени голема количина производи без документација