Утрински Весник
Македонија

ОЈО Кавадарци предложи парични казни за 20 лица што го прекршиле полицискиот час

Четири лица управувале возила за време на полицискиот час во Радовиш
Dik 300x250 mk

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – ОВР Неготино до Основното јавно обвинитeлство Кавадарци денеска достави кривични пријави за 22 лица, од кои 20 полнолетни и две деца, што го прекршиле полицискиот час во периодот од 25 до 29 март, а ОЈО Кавадарци поднесе предлози за издавање казненени налози за полнолетните лица.

Двајца од нив, како што информира Јавното обвинителство, патувале со возило во Неготино и околината. Другите се движеле пеш во градот Неготино и селата Корешница и Тремник.

-Основното јавно обвинителство Кавадарци за полнолетните лица поднесе предлози за издавање казнени налози за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, со кои на надлежниот суд му предложи за секое од лицата да изрече парична казна во висина од 40 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност, соопшти Јавното обвинителство.

За двете деца, се вели во соопштението, ќе се води постапка пред Основниот суд Кавадарци, како стварно надлежен суд за постапување во предмети против деца.​ вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!