Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Оштетена е инклузивна справа од новоизграденото детско инклузивно игралиште во дворот на ООУ „Живко Брајковски“ во Општина Бутел.
– Справата е насилно извадена и однесена од страна на непознати сторители. Вредноста на штетата изнесува преку 60.000,00 денари. Во тек е истражна постапка од надлежните органи за пронаоѓање на сторителите. Во текот на една недела во дворот на истото училиште се случи и обид за кражба на новопосадените зимзелени дрвја од хортикултурното уредување на дворот. Истата заврши неуспешно благодарение на вработените во училиштето, соопштуваат од прес-службата на Општина Бутел.
Ваквите случаи на оштетување и уништување на инфраструктурните проекти наменети за најмладите граѓани, Општина Бутел најостро ги осудува и иствремено апелира за подигање на јавната свест со цел зачувување на опшествениот имот. фф/дма/