Утрински Весник
Македонија

Охриѓанка со лична карта на починато лице се обидела да подигне брз кредит

Охриѓанка со лична карта на починато лице се обидела да подигне брз кредит

Приведена охриѓанка која со туѓа лична карта на починато лице се обидела да подигне пари од банка.

Според информациите, В.М.(35) поднела електронска апликација за кредит во финансиско друштво од Скопје на подрачјето на Кисела Вода, а подоцна направила обид за подигање на пари со туѓа лична карта на починато лице, со што сторила кривично дело измама при добивање кредит или друга погодност казниво по член 249 од Кривичниот законик.

Лицето е задржано во Полициска станица Кисела Вода и по извршениот разговор, В.М. го признала делото. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Николоски на увид на автопатот Охрид-Кичево

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Скопјанка пријавила во полиција: Ме натепаа сопругот и золвата