Утрински Весник
Македонија

Охриѓанец го повредил колегата додека сечеле дрвја во шума

Охриѓанец го повредил колегата додека сечеле дрвја во шума

Работник вчера бил повреден од страна на негов колега во шумскиот појас над охридското село Опеница.

„При извршен увид на местото на настанот од полициски службеници и инспектор за безбедност при работа, констатирано е дека Н.Р.(30) од Охрид, вработен во овластена фирма за сечење  дрва со седиште во селото Лескоец, при сеча на шума го повредил Б.И.(42) од Охрид, вработен во истата фирма“, информираат од МВР.

Засега нема детали како дошло до повредата, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Малолетник возел мопед во спротивна насока во Велес и избегал од полициска патрола

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

ЛДП: Срамен, скандалозен и без ронка емпатија настап на министерката за образование пред првачињата