Утрински Весник
Спорт

Официјално: Џошуа против Бугаринот Пулев на 20 јуни во Лондон

Ентони Џошуа повторно е крал во тешка категорија
Dik 300x250 mk

Лондон, 2 март 2020 (МИА) – Бугаринот Кубрат Пулев ќе се бори против Ентони Џошуа за титулата во тешка категорија на ИБФ на 20 јуни во Лондон.

Ова го објави главниот кандидат за појасот на својата Фејсбук страница.

„Среќен сум што можам да му го покажам на светот колку сум навистина силен“, напиша тој на социјалните медиуми.

Местото на судирот ќе биде стадионот на Тотенхем. Договорот меѓу двете страни веќе е официјално потпишан и е загарантирана битката помеѓу бугарскиот боксер и Британецот, кој е задолжителен кандидат за појасот на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) .

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина

НБА може да ја промени политиката за обложување по апсењата на Розиер и Билапс