Утрински Весник
Спорт

Официјално: Челси ги активираше клаузулите на двајца фудбалери

Интер се договори со уште еден играч од Премиер лигата

Лондон, 20 мај 2020 (МИА) – Челси го официјализираше задржувањето во клубот на Оливие Жиру и голманот Вили Кабаљеро. Договорите на двајцата истекуваа по крајот на сезоната, но лондонскиот тим ги активираше клаузулите за обновување за 12 месеци.

Информациите за Жиру се појавија пред извесно време и денес „сините“ потврдија дека го искористиле своето право да го продолжат договорот во март. Сега ова е направено и со Кабаљеро.

Досега Жиру постигна 21 гол на 76 натпревари за Челси од доаѓањето од Арсенал во зимата 2018 година.

Кабаљеро е во клубот уште од летото 2017 година, кога дојде од Манчестер Сити. Аргентинецот ќе наполни 39 години наесен.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Велс минимално го совлада Лихтенштајн, македонската репрезентација со реми во Кардиф ќе обезбеди бараж

Квјат загуби од беспилотно возило во трката „Вештачка интелигенција наспроти човек“

Синер прв финалист на Завршниот АТП турнир