Утрински Весник
Македонија

Облачно и посвежо со температура до 22 степени, од петок стабилно време

Облачно и посвежо со температура до 22 степени, од петок стабилно време

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде претежно облачно и значително посвежо со засилен, повремено и силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје, како што соопшти УХМР, ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Од утре ќе преовладува стабилно време со умерен северен ветер, а во почетокот на наредната седмица ќе има услови за локален дожд. Дневната температура ќе биде во постепен пораст. мс/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал