Утрински Весник
Спорт

Официјално: Петти тим ја претпочита ФИБА пред Евролигата

Официјално: Петти тим ја претпочита ФИБА пред Евролигата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лимож, 13 јуни 2020 (МИА) – Француски Лимож и официјално ја напушти Евролигата и од следната сезона клубот се приклучува кон Лигата на шампионите, која е под покровителство на ФИБА.

Така, вкупниот број на клубови кои ја претпочитаа ФИБА пред Евролигата се 5 – Дарушафака, Тофаш, Билбао, Галатасарај и Лимож.

– Ние сме многу задоволни од нашиот ангажман кон кошаркарската Лига на шампиони во текот на следните неколку сезони. Видливоста на среден рок му овозможува на клубот да ја регистрира својата меѓународна иднина преку континуитет и стабилност, рече претседателот на клубот Ив Мартинез.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место