Утрински Весник
Спорт

Официјално: Наполи го задржува својот најдобар стрелец во историјата

Наполи се спасуваше против Бреша, Елмас мораше да влезе

Неапол, 17 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, официјално го продолжи договорот за уште две години со опција за трета, објави клубот.

Белгиецот пристигна во Неапол во 2013 година и во моментов е во својата седма сезона со „небесносините“. Пред само неколку дена, 33-годишниот играч стана стрелец број еден во историјата на клубот, откако веќе има 122 погодоци.

– Среќен сум што ќе бидеме заедно подолго. Да живее Дрис!, напиша претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис на Твитер.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Турскиот Самсунспор славеше против Шкендија во Скопје

Тројца тенисери ослободени од обвинение за прекршување на антидопинг правилата

ЗОИ 2026: Прво олимписко злато за Шпанија