Утрински Весник
Спорт

Официјално: Богдановиќ во Атланта Хокс

Официјално: Богдановиќ во Атланта Хокс

Богдан Богдановиќ официјално е играч на Атланта Хокс. Српскиот репрезентативец потпишал четири годишен договор за 72.000.000 долари. Неговиот претходен тим Сакраменто Кингс не ја искористи можноста да ја израмни понудата на Атланта и да го задржи во своите редови. Кингс немаа доволно простор во „селери капот“, откако претходно му дадоа 163.000.000 долари на Диерон Фокс.

Богдановиќ, минатата сезона, во просек по натпревар бележел 15,1 поени, 3,4 асистенции и 3,1 скок.

Атланта во преодниот рок покрај Богдановиќ ги донесоа ветераните Режон Рондо од шампионскиот тим на ЛА Лејкерс и Данило Галинари од Оклахома сити Тандер. Со Клинт Капела, Џо Колинс и младата ѕвезда Тре Јанг, Хокс оваа сезона ќе се борат за пласман во плеј-офот во Источната конференција.

> Официјално: Богдановиќ во Атланта Хокс <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја