Утрински Весник
Свет

Официјална Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со Киев

Официјална Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со Киев за ситуацијата во Украина, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко.

Тој додаде дека Русија не сака ни да види „замрзнување“ на преговорите во оваа фаза.

„ Не беше наша иницијатива да ги прекинеме тековните преговори, да воведеме пауза. Подготвени сме да се вратиме на преговорите штом Украина покаже конструктивна позиција и понуди одговор, или барем реакција, на предлозите што ги доставивме” додаде Руденко.

Тој рече и дека официјална Москва во контекст на преговорите не обрнува премногу внимание на зборовите на советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак дека Киев исклучува секаков договор со Москва што подразбира признавање на нови граници.

Руденко нагласи дека не е исклучено една од темите на преговорите да биде и размената на затвореници од фабриката „Азовстал“ кај Мариупол.

„ Не е во моја надлежност да зборувам, но претпоставувам дека се споменува таква идеја. Ја дозволувам таа можност, тоа е многу разумно прашање“, додаде тој.

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел