Утрински Весник
Спорт

Официјализиран трансферот на Суарез во Национал

Луис Суарез се врзи дома. Легендарниот напаѓач го официјализираше трансферот во Национал. Напаѓачот пред 16 години во овој клуб ја започна кариерата.

dobivaj vesti na viber

Откако синоќа самиот објави дека постигнал договор со уругвајскиот клуб, Национал денеска го официјализираше доаѓањето на напаѓачот.

„Среќни сме што повторно те гледаме во најубавиот дрес на светот. Драго ни е што си дома“, напиша Национал.
„Сега е официјално! Горд сум што повторно го носам дресот на Национал. Ви благодарим на сите за поддршката! Се гледаме наскоро”, напиша Суарез.

Суарез потпиша петмесечен договор со Национал и во овој клуб ќе се обиде да си го заслужи местото меѓу патниците на Светското првенство во Катар.

Да потсетиме, Суарез претходните две години настапуваше за Атлетико и со овој клуб ја освои титулата во Шпанија во 2021 година, а претходно со многу успеси настапуваше за Барселона, Ливерпул, Ајакс, Гронинген.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен

АО: Тиен со совлада Медведев за прво грен слем четвртфинале

Историска трка на 5.000 метри во брзо лизгање, новиот светски рекорд под шест минути