Утрински Весник
Македонија

ОУ „Светозар Марковиќ“ од Старо Нагоричане доби грант од јапонската амбасада

ОУ „Светозар Марковиќ“ од Старо Нагоричане доби грант од јапонската амбасада
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Куманово, 27 февруари 2020 (МИА) – Основното училиште „Светозар Марковиќ“ од Општина Старо Нагоричане преку средства обезбедени од Јапонската амбасада ќе инсталира систем за парно греење во целото училиште, информираа денеска надлежните од училиштето.

– Одобрени се 52.000 евра. Планираме да почнеме со работа по завршување на учебната година, изјави директорката на училиштето Маја Марковиќ.

Според планираното, се очекува системот за парно греење да биде инсталиран до почетокот на наредната учебна година.

– Досега просториите во училиштето ги затоплувавме со огревно дрво, вели Марковиќ.

Во оваа зграда во Старо Нагоричане училиштето работи од 1965 година. Последните десетина години има околу стотина ученици, а наставата се изведува на српски јазик од прво до деветто одделение. ам/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје