Утрински Весник
Македонија

Отстранети 209 непрописно паркирани возила од јавните површини

Минатата недела санкционирани 182 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Скопје, 14 март 2020 (МИА) – Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се подигнати 209 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 25 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 184 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, соопшти прес-службата на Град Скопје.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 308 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 25 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираат и сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Судот му изрече 17 години затвор на турскиот државјанин кој уби сонародник во кафуле во Штип

Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер

ВРЕДИ ќе учествува на лидерската средба, коалицијата поддржува укинување на техничката влада