Утрински Весник
Свет

Отстранета последната статуа од фашистичкиот диктатор Франко во Шпанија

Отстранета последната статуа од фашистичкиот диктатор Франко во Шпанија

Отстранета е последната статуа на генералот Франциско Франко на шпанска територија, откако шпанската енклава Мелила гласаше за отстранување на споменикот подигнат на тој фашистички диктатор.

Работниците го уништија постаментот и ја одзедоа статуата што стоеше на портите на градот на северозападниот брег на Африка, пренесе Би-Би-Си. Само крајно десничарската партија Вокс во Мелила гласаше против нејзино отстранување.

Елена Фернандес Тревино, од Собранието го опиша отстранувањето на статуата на Франк од енклавата како историски ден. Таа рече дека тоа е единствената статуа посветена на шпанскиот диктатор што е во јавната сфера во Европа.

Генералот Франко управуваше со Шпанија од 1939 година до неговата смрт во 1975 година.

Повеќе од 30.000 луѓе загинаа во Шпанската граѓанска војна, која траеше од 1936 до 1939 година, во која националистичките сили на Франко ја поразија републиканската влада.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Американската крајбрежна стража летово заплени 34 тони дрога од прекуокеански бродови

Претседателот на Боцвана прогласи вонредна состојба во јавното здравство поради недостиг на лекови и медицинска опрема

Трамп: Кина мора да ги снабдува САД со магнети или ќе се соочи со царини од 200 отсто