Научниците од Универзитетот „А & М“ во Тексас тврдат дека откриле нов вид на коронавирус, а првото истражување сугерира дека тој е позаразен од претходно познатите соеви, што предизвикува потешка клиничка слика и се чини дека е отпорен на антитела. Овој сој е именуван како БВ-1 според местото каде првпат е откриен, а тоа е долината Бразос.
Мутацијата е пронајдена за време на рутински скрининг на коронавирус во Тексас преку примерок од плунка кај еден млад студент кој имал лесни симптоми слични на настинка. Студентот бил позитивен на ковид-19 на 5 март, и повторно позитивен на 25 март, покажувајќи дека новиот вид може да предизвика подолга инфекција кај помладите луѓе. Симптомите исчезнале до 2 април, а третиот тест на 9 април конечно бил негативен.
„ Не знаеме многу за значењето на оваа варијанта во овој момент, но таа има комбинација на мутации слични на другите загрижувачки соеви кои се досега пријавени“, рече главниот вирусолог од Тексас, Бен Њуман, додавајќи дека варијантата има комбинација на мутации слични на бразилскиот и јужноафриканскиот сој.
„ Оваа варијанта комбинира генетски маркери одделно поврзани со брзото ширење, посериозна клиничка слика и висока отпорност на неутрализирачки антитела.
Експертите предупредуваат да се држи дистанца, да се носат маски и да се избегнуваат собири. Тие порачуваат дека усогласеноста со мерките и вакцинациите се единствениот начин да се спречи ширењето на епидемијата.