Утрински Весник
Магазин

Откриен насловот на четвртиот „Матрикс“

Откриен насловот на четвртиот „Матрикс“

„Ворнер Брос пикчрс“ се појавија во„Синемакон“ во средата за да го откријат целосниот наслов на четвртото продолжение на Матрикс-серијалот, „Матрикс: Воскресенија“.

Ова продолжение ќе се појави во кината на 22 декември и додека се уште нема официјален трејлер, присутните на „Синемакон“ можеа да видат ексклузивни снимки од филмот.

Entertainment Weekly обезбеди опис на оваа снимка. Трејлерот, наводно, се фокусира на Кијану Ривс и Кери-Ен Мос, кои се враќаат како Нео и Тринити.

На снимката, Нео го има изгледот пред Матрикс, како Томас Андерсон, со долга коса и брада слична на Џон Вик. Тој се среќава со Тринити во кафуле, и додека двата лика чувствуваат некаква поврзаност, изгледа како да не се сеќаваат еден на друг.

„Матрикс: Воскресенија“ е во режија на Лана Ваховски, која се враќа од ко-режирање на оригиналната трилогија.

Можете да прочитате

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца

Зошто жените живеат пет години подолго

Од Хановер до Кина, 18.000 километри на велосипед низ 19 држави – луѓето се најпријатното изненадување