Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Откриен извештај-Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Откриен извештај-Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори
Img 7972

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските медиуми.

Од 16 март, германската влада сака да ја направи вакцинацијата против коронавирус задолжителна за сите вработени во болниците, домовите за стари и немоќни лица и другите здравствени установи, според нацрт-законот до кој Ројтерс имал пристап.

Во новинарските извештаи е наведено дека досега Германија избегнуваше воведување задолжителна вакцинација од страв дека може да останат без медицински персонал и негувателки, но сега се одлучи на тој потег бидејќи расте бројот на новозаразени во четвртиот бран на пандемијата.

Социјалдемократите, Зелените и Либерално-демократската партија, кои во среда ќе формираат нова влада, следната недела ќе го претстават новиот закон пред парламентот, пишуваат медиумите.

Во нацрт-законот се наведува дека вработените во здравствениот и медицинскиот сектор од 15 март ќе треба да имаат доказ дека се вакцинирани против Ковид-19, дека го прележале коронавирусот или поседуваат потврда дека не можат да ја примат вакцината.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот