Утрински Весник
Македонија

Откриена работилница за оружје во Љубин

Откриена работилница за оружје во Љубин

Полицијата откри работилница за оружје во скопското село Љубин, приведено е едно лице.

Според информациите од МВР, вчера полицијата запрела возило „опел зафира“, управувано од М.Ш. (38) од с. Љубин. При преглед на возилото пронајдени се 300 куршуми различан калибар.

По извршен претрес во домот на М.Ш. во село Љубин откриена е работилница за поправка на оружје, разни делови од оружје, два сигнални пиштоли и голема количина муниција.

М.Ш. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Можете да прочитате

Пензионер пронајден починат во својот дом во Куманово

Мицкоски: Фокусот на идните политичари мора да биде на вештачката интелигенција и енергијата

Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2 денари и иста цена или минимално покачување на дизелот