Утрински Весник
Магазин

Откриена пасија на кралицата – сака да слуша џез, особено Дјук Елингтон

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кралицата Елизабета Втора е љубител на блуз и џез – а американската џез-легенда Дјук Елингтон се чини дека е на нејзината плејлиста.

Кралицата (96) го израдувала британскиот џез-музичар Гери Крозби со нејзиниот уникатен интерес за музичките жанрови, откри тој во емисија на „Би-Би-си радио два“ во понеделникот вечерта.

Крозби, исто така, му раскажуваше на водителот Метјус колку бил среќен кога во 2019 година добил Медал за музика од кралицата. Контрабасистот е првиот џез-свирач на кој му била доделена ваква награда и која му беше врачена лично од кралицата во Бакингемската палата.

Кога водителот го праша дали кралицата сака блуз, Крозби веднаш одговори: „Дјук Елингтон“.

„Кога дискутиравме за Елингтон, јас бев прилично изненаден од нејзиното уважување на музиката и инструментите, и за тоа како се засилени. Седев и се прашував дали е ова можно. Кралицата ми зборува за повторно засилување на акустичните гудачки инструменти“, рече британскиот џез-музичар за неговиот разговор со кралицата.

Можете да прочитате

Како правилно да перете чевли во машина без да ги оштетите

Никогаш не заспивајте со шминка!

Шеќерот во крвта не доаѓа само од благо – Што велат ендокринолозите