Поради трагичниот настан во тетовската модуларна болница, каде синоќа избувна пожар и загинаа 14 луѓе, откажани се претстојните фестивали „Skopje sounds good“ и „Skopje calling“.
Организаторите на фестивалите изразија најдлабоко сочувство на семејствата на починатите во оваа ужасна трагедија што се случи синоќа во Тетово.
„ Ова што во моментов се случува овде е практично доказ дека и кога е лошо може да биде уште полошо. Се разбира дека настаните коишто требаше да се случат денеска (Skopje Sounds Good) и во петок и сабота (Skopje Calling) се откажани поради прогласената тридневна жалост во Македонија“ велат од таму.
Сите што имаат купено влезници за овие настани, можат да направат рефундација во рок од наредните пет работни дена, почнувајќи од понеделник (13.09) до петок (17.09).
Текстот Откажани фестивалите „Skopje sounds good“ и „Skopje calling“ е превземен од МАКФАКС.