Утрински Весник
Свет

Откажани сите прослави за Нова Година во Москва

Откажани сите прослави за Нова Година во Москва

На новогодишната ноќ сите ресторани во Москва ќе бидат затворени, изјави шефот на Одделот за трговија и услуги на рускиот главен град, Алексеј Немерјук.

„Новата година ќе дојде, нема да исчезне никаде, ќе се појави на 31 декември, но за жал, очигледно, во нешто поскромен формат. Повеќето ресторани нема да работат ноќе, поточно, не повеќето, туку сите”, прецизира Немерјук за „Русија 24″.

Според него, исто така, не е планирана културна програма во рестораните.

„Во суштина, ќе може да се дочека Новата година на 31 декември и 1 јануари и другите денови во сите ресторани во Москва, но со исклучок на ноќното време“, додаде Немерјук.

Според него, не станува збор за целосно затворање на рестораните во руската престолнина.

Претходно, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, воведе дополнителни мерки поради пандемијата на коронавирус. Меѓу другото, од 23.00 до 6.00 часот не работат ресторани, кафулиња, барови. Ова нема да важи за испорака.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Разбиена меѓународна хакерска мрежа, украдени 500 милиони долари од 184 жртви

Триесет лица загинаа во Пекинг по поројни дождови

Северна Кореја вели дека Трамп мора да ја прифати новата нуклеарна реалност, Белата куќа потврдува дека нејзините цели не се променети