Утрински Весник
Свет

Отишле на риболов со брод полн со херион – фатени на половина пат

Отишле на риболов со брод полн со херион – фатени на половина пат

Американската морнарица пронашла и запленила речиси 400 килограми хероин во Арапското Море. Се проценува дека дрогата вреди околу 4 милиони долари.

Бродовите “USS Tempest” и “USS Typhoon” пронајдоа товар хероин на рибарски брод, кој пловел без знаме. Според соопштението, заплената се случила во понеделникот.

Се сомнева дека бродот полн со дрога дошол од Иран. Девет членови на екипажот се идентификувале како државјани на таа земја.

Властите не соопштија која била крајната дестинација на бродот или кој го произведувал хероинот.

Во соопштението се наведува дека регионалната патрола запленила дрога во вкупна вредност од 193 милиони долари на море во 2021 година, што е повеќе од запленетите количини во последните четири години.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови