Фестивалот на светлината „Skopje Light Art District” има потреба од волонтери, кои со своето знаење и вештини ќе придонесат за успешно и оригинално реализирање на фестивалот, по теркот на светски познатите фестивали на светлината.
Оние кои се заинтересирани да бидат дел од „најсветлата скопска приказна“, можат да се пријават пополнувајќи го формуларот за волонтирање поставен на линкот и со самото тоа, да придонесат за реализација на овогодинешниот Фестивал на светлината „Skopje Light Art District”.
Јавната установа Универзална сала, со поддршка на Град Скопје од 19-ти до 22-ри август годинава го организира третиот по ред Фестивал на светлината „Skopje Light Art District”.
Скопје и скопјани ќе можат да ја видат светлосната магија на делата на светски реномираните светлосни уметници, во сите бои, на повеќе локации поставени во централното градско подрачје.
Наместо традиционален досегашен термин за одржување, во мај, овој пат „Skopje Light Art District” поради пандемијата со коронавирусот и вонредните мерки предложени од надлежните институции, ќе се одржи во август.
Оваа година, фестивалот има и „зелена“ димензија, со која ќе му се додаде на значење на Градскиот парк во Скопје, каде и ќе бидат изложени поголемиот дел од делата од светски реномираните светлосни уметници.