Утрински Весник
Култура

Отворено студио во Слоештица: Уметниците ја пронајдоа златната нишка од платното на „везилката“ на Конески

Отворено студио во Слоештица: Уметниците ја пронајдоа златната нишка од платното на „везилката“ на Конески

Со настанот „Отворено студио“ што ќе се одржи денеска, сабота, 25 септември, и официјално ќе заврши годинешната меѓународна ликовна колонија во Слоештица, во организација на Арт поинт – Гумно.

Годинава предизвик за уметниците од Европа беше песната „Везилка“ на челникот на македонската преродба Блаже Конески, со што и Арт поинт – Гумно се приклучи кон чествувањето на 100-годишнината од неговото раѓање.

Поради пандемијата, колонијата се одржа во два дела, а на отвореното студио ќе бидат претставени креациите создадени за време на престојот на двете групи уметници и тоа: на петтемина фотографи, претставници на легендарната Либеречка школа за фотографија од Чешка, и на тројцата ликовни уметници: Матко Векиќ од Хрватска, Олена Клочко од Украина и Котрина Чалкаите од Литванија.

Посетителите, освен што ќе имаат можност да видат како освен црниот и црвениот конец, уметниците ја пронајдоа и во своите креации ја преточија и златната нишка од платното на Везилката ќе можат и да поразговараат со авторите Векиќ, Клочко и Чалкаите коишто сè уште престојуваат во Слоештица. Сите тројца се ексклузивни претставници на современата уметничката сцена земјите чиишто знамиња за првпат се веат на терасата на меѓународниот центар за уметност во Слоештица.

Проектот „Везилка“ на „Арт поинт – Гумно“, е делумно поддржан од македонското Министерство за култура.

Настанот што ќе се одржи на уметничкото гумно во Слоештица во периодот од 13 до 17 часот ќе биде организиран во согласност со владините ковид-протоколи, а посетителите треба да ги понесат со себе задолжителните сертификати.

Текстот Отворено студио во Слоештица: Уметниците ја пронајдоа златната нишка од платното на „везилката“ на Конески е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“