Утрински Весник
Економија

Отворени над 500 работни позиции: во тек е најголемиот онлајн-саем за вработување во Македонија и регионот

Отворени над 500 работни позиции: во тек е најголемиот онлајн-саем за вработување во Македонија и регионот

Од 7 до 14 октомври посетете го најголемиот регионален онлајн-саем за вработување и испратете ја својата работна биографија за над 500 отворени понуди за вработување.

Со еден клик на веб-страницаата www.regionalensaemzavrabotuvanje.com посетете го најголемиот регионален онлајн-саем за вработување, на кој повеќе од 80 компании од Македонија и регионот бараат вработени за над 500 слободни позиции. Отворени се повеќе од 100 работни места само во Македонија.

Компаниите бараат нови вработени во секторите ИТ, трговија и финансии, а секој што ќе го посети саемот, освен што ќе може да аплицира на отворените работни позиции, ќе може и да разговара со својот потенцијален работодавец преку чет или видеоповик.

Саемот трае 8 дена и е достапен 24 часа на ден преку сите десктоп и мобилни уреди. Сè што ви треба е интернет!

Компании изложувачи на саемот се: „А1 Македонија“, „Кроација осигурување“, НЛБ банка, „Македонски телеком“, „Магна интернационал“, „Телеперформанс Скопје“, „Киел Македонија“, „Дата мастерс“, Aptiv, BREON, „Маркарт“, „Костал“, „Алкалоид“ АД Скопје, „Лакталис“, ЕСИ, Loka, Vipper.com и SPAR Hrvatska.

Саемот до денес го посетија над 40.000 посетители од Македонија, а ќе биде отворен до среда (14 октомври), па затоа побрзајте и посетете го на www.regionalensaemzavrabotuvanje.com – можеби вашето ново работно место се крие таму!

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Левица: Неплатено грозје, заложено вино и евтини државни кредити – Владата ја чести винарската олигархија со народни пари додека лозарите ги турка во пропаст

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра