Утрински Весник
Македонија

Отворена меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Отворена меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Битола, 23 мај 2020 (МИА) – Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола во предвечерието на патрониот празник ја отвори меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ која годинава се одржува само еден ден и без присуство на деца од светот.

Според традицијата, отворена е изложба на слики кои пристигнаа од сите меријани, но младите ликовни уметници останаа дома, во своите држави заради пандемијата предизвикана од Ковид-19.

Годинешен добитник на наградата Гран-при е Мариа Дума од Букурешт, а статуетката ја прифати почесниот конзул на Романија во Битола, Александру Мамакис.

– Мал битолски Монмартр е манифестација, исклучително значајна за нашиот град, манифестација која што ја отвора Битола кон светот, меѓутоа и светот го носи во Битола. Бројот на цртежи кои што пристигнаа годинава, покажува дека така било и во изминатите години. За жал, годинава го немаме џагорот на децата низ нашите сокаци, меѓутоа она што го имаме се нивните цртежи, за што им сме бескрајно благодарни. Оваа манифетација, затоа што е навистина траен белег за Битола и за битолчани, истакна Наташа Петровска, градоначалник на Битола.

Годинава на адреса на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ пристигнаа над 15.000 творби од целиот свет, а на изложбата во Битола денес беа претставени 717 најдобри цртежи. мт/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар

Внимавајте, полицијата засилено казнува за еден сообраќаен прекршок