Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) под покровителство на Министерството за култура, денеска ја отвори изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје која што љубителите на уметноста ќе може да ја разгледаат до крајот на месецов, секој работен ден од 9 до 17 часот.
Изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ е традиционална и е дел од Годишната програма на ДЛУМ.
Оваа изложба има идеја да го задржи принципот на проширување на медиумот цртеж со експериментален пристап и решенија кои би биле предизвик за уметниците.
Класичната дисциплина – цртеж има многу можности да опстане во ова време на нови медиуми, употребувајќи мисловни концепти или пак излегување од медиумот на дводеимензионалноста и пристапот во изработката. Интересно е што постојат повеќе разнолики приоди во интерпретацијата на идејата, интерпретација на дилемата или пак решението како краен резултат.
На изложбата учество земаа 31 автор од членството на ДЛУМ: Александра Димитрова, Ана Спасова, Ана Трајковска, Ангел Димовски Чауш, Ангелца Стоиљковиќ, Валентина Илијевска, Горан Менков, Ѓорѓе Цветковиќ, Давор Ќешкец, Дејан Иванов Маргуш, Дијана Томиќ Радевска, Душан Георгиевски, Златко Глигоров, Зулејха Зубери Али, Илина Арсова, Кирил Гегоски, Лидија Вујисиќ, Лидија Цаковиќ, Мојсовска, Љупчо Бојаров, Марија Мицова Гацова, Марија Светиева, Марјана Костојчиноска Узунчева, Наташа Станковска Зафировска, Пандора Апостолоска Саздовска, Росица Лазеска, Сашо Саздовски, Силвана Атанасовска, Слободан Живковски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Тања Таневска.
На изложбата беше доделена наградата „Цртеж – Експериментален цртеж“ на Росица Лазеска за делото со наслов „Композиција 12“.
Текстот Отворена изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ на ДЛУМ е превземен од МАКФАКС.