Утрински Весник
Македонија

ОС Велес изрекол над 28 илјади евра парични казни за непочитување на полицискиот час

ОС Велес изрекол над 28 илјади евра парични казни за непочитување на полицискиот час

Велес, 21 мај 2020 (МИА) – Основниот суд во Велес од 4 мај до денеска донел 36 пресуди за 36 лица од кои три биле донесени денес за непочитување на полицискиот час, a при што им биле изречени парични казни од по 40 дневни глоби по 20 евра односно вкупен паричен износ од 800 евра на секој од казнетите.

Како што информира за МИА, судијата Дара Арсова портпарол на Основниот суд во Велес вчера немa ниту една изречена казна, а завчера имало една. Најмногу девет казни биле изречени на 15 мај.

 Обвинетите го прекршиле полицискиот час што е во спротивно со Одлуката за забрана и посебен режим на движење и биле затекнати од страна на полицијата како се движат на повеќе локации во градот во време кога е забрането движење. Сите овие лица биле прогласени за виновни за кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија,информира Арсова. ад/оџ/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јанев: Со мојот тим создаваме услови секој полицаец да се чувствува почитуван и мотивиран

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “Support Коcani“

ЛАДЕН БРАН СРЕДЕ МАЈ: Доаѓаат обилни дождови, ветер и снег!