Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени се 144 нови случаи

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години
Dik 300x250 mk

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 тестови, соопшти Министерството за здравство.

Најголем број случаи се потврдени во Скопје-27, Струмица- 15, Прилеп и Тетово по 13 и во Куманово-11.

Во Дебар-3, Штип-5, Велес-4, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Крива Паланка-1, Радовиш-8, Крушево-2, Кочани-13, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-3, Кичево-2, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-33, Штип-2, Прилеп-7, Тетово-2, Струга-1, Битола-4, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-4, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-5, Свети Николе-2, Кичево-3.

Починати се 8 лица, еден пациент од Куманово (48г), еден од Штип (65г), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83г), еден од Тетово (69г), еден од Струмица (39г), еден од Виница (63г) и еден пациент од Кичево (56г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.417, бројката на оздравени пациенти е 13.732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2002.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

АМСМ: Сообраќајот за товарни моторни возила кон ГП Блаце е нормализиран

Следната седмица, и во декември се двата последни неработни денови за сите граѓани во Македонија

До утре во 19:00 часот важат правилата за изборен молк