Утрински Весник
Македонија

Осум казнени налози од ОЈО Скопје за непочитување на полицискиот час

Изминатото деноноќие 84 лица не го почитувале полицискиот час

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд денеска поднесе предлози за издавање казнени акти против 8 лица кои не го почитувале полицискиот час, односно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, соопштија од ОЈО Скопје.

– Лицата биле затекнати како се движат на различни локации во градот без да поседуваат дозвола, со што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од обвинителство.

Предложената казна за секој од обвинетите е 100 дневни глоби, при што Јавното обвинителство предлага висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи низ Македонија