Утрински Весник
Македонија

Осум казнени налози од ОЈО Скопје до Основниот кривичен суд -Скопје

Даночна инспекторка од Кавадарци обвинета за примање поткуп

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против осум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Скопје.

-Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во градот, инстакнуваат од обвинителство.

Јавните обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за обвинетите лица да изрече парични казни од 100 дневни глоби, а висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​ оџ/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Водно без вода – жители во очај и гнев: „Рестрикции, а 40 степени надвор!“

Вечерва избувна голем пожар и кај Македонски Брод, за сега никој не интервенира

Кукуновски за 24 Инфо: Граѓаните од Чучер Сандево сами го спасија манастирот од пожарот