Утрински Весник
Македонија

Осумчасовно работно време во Владата и министерствата

Владата му препорача на ЈО приоритетно да постапува по предметите во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Владата денеска ја усвои Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа,согласно со измените и дополнувањата на одлуката за ограничување на движењето.

Според усвоениот распоред, се утврдува дека работното време во овие институции започнува помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршува помеѓу 15:30 и 16:30  часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа. хс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со автомобил удрен малолетник во Кичево, кривична пријава за возачот

Македонската енергетика не страда од недостиг на ресурси, туку од вишок интереси

Додека Мицкоски „ќе чека со децении за ЕУ“ Софија тврди дека „Бугарија и Македонија немаат билатерален спор“