Утрински Весник
Македонија

Осумдневен притвор заради закани кон кандидат за градоначалник

Осумдневен притвор заради закани кон кандидат за градоначалник
Ss2

Закани упатени преку „Фејсбук“ кон кандидат за градоначалник на Прилеп и неговото семејство, беа предмет на истрага на Основното јавно обвинителство Прилеп и МВР. Заканите ги упатил 27-годишник од Прилеп.

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка за сторено кривично дело – загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик.

Ss1

Пријавеното лице во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода на граничниот премин Табановце при влез во државава и приведено на испитување во обвинителството.

Во насока на нешречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор против осомнуичениот. Судијата на претходна постапка при Основнито суд Прилеп го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.​

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани