Утрински Весник
Сцена

Осудениот силувач Вајнштајн поради здравствени проблеми е пренесен во болница

Осудениот силувач Вајнштајн поради здравствени проблеми е пренесен во болница

Њујорк, 12 март 2020 (/) – Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн, кој вчера беше осуден на 23  години затвор поради сексуални напади и силување, е пренесен во болница поради болки во градите.

Вајнштајн се пожалил на болка во градите и е пренесен од њујоркшкиот затвор Рикерс во болницата Белуве, за да се лекува од срцеви проблеми, истакна портпаролот на Вајнштајн во електронска порака.

На 24 февруари судот го прогласи Вајнштајн, некогаш највлијателниот холивудски маж виновен за сексуален напад на асистентката Мими Халеј и за силување на поранешната актерка Џесика Ман, но е ослободен од најтешкото обвинение, дека е сексуален предатор, за што може да добие доживотен затвор.

Движењето МиТу (#MeToo) што настана како платформа против злоупотребите на Вајнштајн ја поздрави изречената казна. ки/ сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка