Утрински Весник
Спорт

„Останете дома, немојте да се собирате за да го славите враќањето во Премиер лигата“

„Останете дома, немојте да се собирате за да го славите враќањето во Премиер лигата“

Сопственикот на Лидс јунајтед Андреа Радрицани упатил апел до навивачите да останат во своите домови доколку клубот ја освои титулата во Чемпионшип дивизијата. За да се врати во Премиер лигата на Англија Лидс треба да освои четири бода на последните три натпревари во сезоната. Лидс последен пат играле во Премиер лигата пред 16 години.

„Фудбалот малку значи кога се игра без навивачи. Сепак од витално значење е сите да бидат безбедни и здрави и поради тоа им порачувам на нашите навивачи да останат во своите домови“, рекол првиот човек на Лидс.

„Борбата со коронавирусот не е завршена, мораме да бидеме внимателни. Знам дека многумина сакат да го поддржат тимот во оваа исклучително важна недела за нас, но здравјето на секој поединец во нашата заедница е најважното нешто. Свесен сум дека сакате да се соберете и заедно да навивате. Но во името на сите во Лидс ве повикувам на последните натпревари да останете во своите домови. Сакаме безбедно да се врати на трибините кога тоа ќе биде дозволено“, рекол Радрицани.

Лидес до крајот на сезоната ќе игра дома против Барнсли, во гости против Дерби Каунти и повторно дома против Чарлтон. Овие три натпревари Лидес Јунајтед ќе ги одигра во периодот од 16 до 22 јули.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига