Утрински Весник
Македонија

Основното училиште „Рајко Жинзифов“ успешно ја реализира наставната програма

Основното училиште „Рајко Жинзифов“ успешно ја реализира наставната програма

Скопје, 11 април 2020 (МИА) – Од почетокот на вондредната состојба во нашата држава заради вирусот Ковид-19, основното училиште „Рајко Жинзифов“ од населба Драчево, преку онлајн далечинско учење реализираше богата наставна програма.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, учениците од училиштето со помош на наставниците и своите најблиски, изминатиов период во домашни услови имале онлајн часови по сите наставни предмети. Од планираните активности за првоодделенците, од проектот „Заедничка грижа“ се одржал видео час по физичко образование со поддршка од родител на ученик, инструктор по аеробик и педагог по физичко и здравствено образование во детска градинка.

По повод Светскиот ден на здравјето петтоодделенците сликале на тема „Како се грижам за моето здравје“.

Училиштето, додаваат во соопштението, реализираше активности за идната професионална ориентација на учениците од деветто одделение. Покрај ова, децата имале и воннаставна активност. Тие изработиле креативни маски за Денот на шегата.

– Учениците наставните содржини ги усвојуваат преку разни електронски алатки. Се вршат презентации во PowerPoint,  видео-предавањата се одвиваат преку конференцискиот сервис за видео и аудио комуникација „Zoom“. За учење од далечина се служат и со Edmodo, Google Drive, Google Classroom, Dropbox, Skype и Google Duo. Учениците учат лекции од едукативната програма „ТВ Училница“, од снимените часови поставени на националната веб-платформа eduino.gov.mk, а за полесно совладување на содржините по математика ја користат онлајн платформата JetMinds, се вели во соопштението.

Од Општината додаваат дека наставниот кадар на училиштето „Рајко Жинзифов“ кое е симбол на пријателството на Кина и Северна Македонија ќе продолжи со работните активности се до завршувањето на вондредната состојба.

– Општина Кисела Вода на сите наставници, родители, старатели, баби и дедовци на учениците, им благодари за вклученоста во воспитно образовниот процес, наведуваат во соопштението. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички