Вицепремиерот Бујар Османи повика на рамноправното покривање на медиумите на сите партии, вклучително и еднаков третман на сите кандидати за премиер.
„ За прв пат во историјата, на граѓаните на Северна Македонија им е овозможено да изберат повеќе од две опции за нивниот премиер. За прв пат, за оваа позиција се натпреваруваат не само двајцата кандидати од двете македонски партии кои ја бараат оваа позиција, туку и непартиски и независен кандидат – Албанец.
„ Нашиот прв премиер – Албанец не само што ќе биде премиер на Албанците во земјава, туку и на сите граѓани на Република Северна Македонија; и ова е најсилниот симбол за она што го нарекуваме – еднаква држава. Тоа е сигнал и за ЕУ дека нашата земја е подготвена да се приклучи на европското семејство, затоа што ги надминавме национализмот и етничките поделби“ – истакна Османи, додавајќи дека независниот и непартиски премиер не претставува само понуда за албанскиот електорат, туку и понуда за сите граѓани на Северна Македонија, кои се незадоволни од овој
политичкиот „дуопол“, кој ја држеше земјата заглавена во политичката војна долги години.
„ Понудата за граѓаните со нова можност, трета опција, е несомнено важен чекор во напредокот и развојот на демократијата, поради што ги повикуваме Мицковски и Заев да излезат на јавна дебата, каде ќе можат сите тројца кандидати да ги претстават и да ги соочат нивните идеи за иднината на нашата земја“ – потенцираше Османи.
На крајот Османи, ги замоли и медиумите со целосна почит кон нивната демократска одговорност и јавниот интерес, да обезбедат еднаквост во дебатите, и да ѝ понудат на својата публика фер соочување меѓу тројцата кандидати за премиер, за што изрази уверување дека очекува интересни дебати меѓу двајцата македонски кандидати Заев и Мицковски и првиот кандидат Албанец за премиер, Насер Зибери.
Текстот Османи: Ја повикуваме Агенцијата за медиуми да обезбеди демократски и еднакви стандарди е превземен од МАКФАКС.