Утрински Весник
Македонија

Османи – Суријани: Успешен развој на билатералните односи меѓу Македонија и Светата столица

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот апостолски нунциј за Република Северна Македонија, со седиште во Софија, архиепископ Лучано Суријани.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше нагласено задоволството од успешниот развој на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Светата столица и на соработката дисперзирана во разни области од заеднички интерес.

Министерот Османи му посака успешна мисија на апостолскиот нунциј изразувајќи уверување дека со своето дипломатско искуство и личен ангажман ќе даде значаен придонес во продлабочувањето на односите и доближувањето на двете земји.

Апостолскиот нунциј Суријани искажа подготвеност да го продолжи градењето пријателски врски меѓу Република Северна Македонија и Светата столица во духот на заемното разбирање и споделувањето заеднички културни, религиски и цивилизациски вредности.

Соговорниците се согласија дека честите посети и средби изминатите неколку години се уште една потврда на блиските релации, но и обврска за натамошно динамизирање на секторската соработка, пред сè, во сферата на културата, заштитата на културно-историското наследство и образованието.

 

Можете да прочитате

Силјановска – Давкова: Стево ми ѕвонел, ама телефонот сум го оставила дома

Морачанин си поднесе оставка од претседател на ДОМ

По повикот на Битиќи и Костадинов си поднесе оставка од СДСМ