Утрински Весник
Македонија

Османи: Секое одложување на почетокот на преговорите го загрозува европскиот кредибилитет во регионот

Османи: Секое одложување на почетокот на преговорите го загрозува европскиот кредибилитет во регионот
Ss2

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Албанија, Мими Кодели, придружена од група пратеници, кои престојуваат во работна посета на Северна Македонија.

Османи ја искористи приликата да упати честитки до Албанија за неодамнешниот избор како непостојана членка во Советот за Безбедност за период 2022/23 година, потенцирајќи ја важноста на овој дипломатски успех за целиот регион.

300x250 (7)

„Претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, како и учеството на Албанија во работата на Советот за безбедност на ОН во истиот период го стават регионот на Западен Балкан во средиштето на мултилатералните активности на светско ниво“, истакна Османи.

На средбата се разговараше и за активностите и соработката на двете земји во рамките на бројните регионални инцијативи, при што беше изразена поддршка и за трилатералната Иницијатива 8 за поблиска соработка меѓу трите земји вдолж Коридорот осум, кои ги поврзуваат Јадранското и Црното море – Северна Македонија, Албанија и Бугарија.

Соговорниците изразија силна меѓусебна поддршка за напредок во европските интеграции, потенцирајќи ја подготвеноста на двете земји за почеток на преговорите

„Северна Македонија и Албанија направија сериозен исчекор во однос на своите внатрешни реформи и институционално приближување кон ЕУ, за што е добиена заслужена одлука за почеток на пристапните преговори. Секое одложување на оваа одлука создава политичка непредвидливост која го нагрoзува европскиот кредибилитет во регионот“, потенцираше Османи, изразувајќи притоа задоволство од взаемната поддршка меѓу двете земји за нивните европски амбиции.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Џафери: Обединети да продолжиме и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија

Денес (ВЕЛИГДЕН) Потопол ден – Попладне изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер