Утрински Весник
Македонија

Османи: Преговори со Северна Македонија ако ЕУ сака да го задржи кредибилитетот во регионот

На маргини на состанокот на Коалицијата за борба против ИСИС во Маракеш, денес, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Франција, Жан Ив Ле Дриан.

Во фокусот на разговорите беа активностите и плановите на француското претседателство со Советот на ЕУ во однос на интеграцијата на државите од Западен Балкан и неопходноста од забрзување на европскиот пат на нашата држава.

Министерот Османи нагласи дека надворешно-политичките и безбедносните ризици во новата геополитичка реалност го наметнуваат ефектуирањето на одлуката за почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија, доколку Европската унија сака да го задржи својот кредибилитет, пред се во регионот и да го демонстрира своето геостратешко лидерство.

„Северна Македонија ги исполни сите услови за старт на преговорите и дополнително, постигна стопроцентно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и 40-процентно усвојување на законодавството на ЕУ, и сега е критичниот момент и Европската унија да испорача преку усвојување на преговарачката рамка“, истакна министерот Османи.

Соговорниците разменија мислења и за актуелната ситуација во Украина и справувањето со безбедносните предизвици во регионот, како последица на руската агресија врз Украина.

Можете да прочитате

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол