Утрински Весник
Македонија

Османи: Победникот од албанскиот блок треба да ја претставува волјата на Албанците

Османи: Победникот од албанскиот блок треба да ја претставува волјата на Албанците
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) –  Онаа политичка партија што на парламентарните избори ќе победи во албанскиот блок треба да ја претставува волјата на Албанците, доколку победат партиите кои ќе направат предизборна коалиција и тие треба да влезат во власта.

Ова го изјави вицпремиерот за европски прашања Бујар Османи, одговорајќи на новинарско прашање во врска со можни предизборни коалициина партии од албанксиот блок со СДСМ.

-Една грешка е направена во 2006-2008  година кога во влада влезе партија која не ја претставува волјата на Албанците и тоа предизвика длабока политичка криза, брзи предвремени избори, блокирање на Собранието. Затоа што системот по Рамковниот договор не препознава поинакво претставување освен на тој што ја претставува волјата на Албанците. Доколку победат овие партии се разбира дека тие ќе влезат во власта, меѓутоа тој што ќе победи кај Албанците тој ќе ги претставува Албанците во владата, истакна Османи по денешното сведочење во судот за слулајот „Монструм“.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двојно зголемени затворските казни за пожарот во модуларната болница во Тетово

Молеа за живот држејќи се за решетките – Потресно сведочење на судењето за пожарот во „Пулс“

Кумановци кои работеле во Авганистан и Ирак ќе протестираат утре пред УЈП